90-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 90-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 04.08.2023 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата
- Изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025
- Постапување по конкретни предмети
- Прашања и предлози
- Постапување по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.