95-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 95–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 15.11.2023 година (среда), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 93-та седница на ДКСК од 29.09.2023 година и Предлог записник од 94-та седница на ДКСК од 13.10.2023 година;
- Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година;
- Методологија за проценка на влијанието на заштитата на личните податоци;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози.