20 ГОДИНИ ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) информира дека на 15 ноември 2022 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба, ќе се одржи свечена церемонија по повод 20 години ДКСК.
Целиот настан ќе може да се проследи во живо на YouTube страницата на Државната комисија за спречување на корупција, како и на facebook страницата (Избери интегритет / Zgjidh integritetin).