Државната комисија за спречување на корупцијата започна со имплементација на ЦАФ2020
Државната комисија за спречување на корупцијата континуирано работи на унапредување на елементите на интегритетот, па оттука со поддршка на in country механизмот на Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, започна со новиот проект за имплементација на ЦАФ во Државната комисија за спречување на корупцијата.
На 28.11.2022 година, ЦАФ експертот ангажиран од ReSPA одржa обука на вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата и членовите на комисијата.
Раководството на Државната комисија за спречување на корупцијата дава голема поддршка во спроведувањето на ЦАФ – како еден од инструментите за управување со квалитет, кој ќе и помогне на институцијата да ги детектира слабите страни во целокупното функционирање, вклучувајќи ги и луѓето, лидерството, стратегијата, планирањето итн., и да се преземат активности за унапредување на истите. Придобивките од воведувањето на ЦАФ2020 моделот и воопшто инструментите за управување со квалитет во јавната администрација, меѓу кои е и ИСО се бројни и разновидни.
Ова е континуиран процес, а Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се стреми да ги следи трендовите на модерните европски институции, ставајќи го акцентот на дигитализација, агилноста, разновидноста и одржливоста.