Презентација „Родот и корупцијата – истражувања за Република Северна Македонија“
Почнувајќи од 2020 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) спроведе бројни истражувања на родовите аспекти на корупцијата. По истражувањето на перцепцијата на жените во Република Северна Македонија во 2021 година за распространетоста на сексуалната изнуда како форма на корупција, во текот на 2022 година беа спроведени две нови истражувања во секторите кои беа посочени како најранливи за овој вид на корупција – високото образование и јавната администрација.
Би сакале да Ве поканиме на онлине настанот на кој ќе ги промовираме наодите од двете истражувања и ќе поразговараме за идниот курс на делување, како и за потребниот институционален и правен одговор на оваа форма на корупција во нашата земја.
Настанот ќе се одржи на 6 декември 2022 со почеток од 10 часот на Зоом платформата на следниот линк:
Join Zoom Meeting
https://osce-org.zoom.us/j/96018628941
Meeting ID: 960 1862 8941
Passcode: 01175261