Покана за брифинг со новинари
Почитувани претставници на медиумите,
Државната комисија за спречување на корупцијата, по повод 9-ти декември, Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ќе одржи брифинг со новинари.
По тој повод, ДКСК ве поканува на брифингот кој ќе се одржи во просториите на ДКСК во петок, 09 декември 2022 година, со почеток во 11.00 часот.
ДКСК на брифингот ќе ги информира новинарите за актуелните процеси поврзани со унапредувањето на работата на ДКСК кон остварувањето на поставените стратешки цели како и за актуелните прашања и случаи од надлежност на комисијата за кои има јавен интерес.
Брифингот ќе се одржи без камери, а изјави за медиумите се предвидени по завршување на настанот.
Со почит,
Државна комисија за спречување на корупција