Продолжува учеството на ДКСК во Билатералените скринизи со Европската Унија
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на состаноците во рамките на билатералниот скрининг со Евопската Унија за Поглавјето 9, „Финаниски услуги“, кој се одржува во периодот на 27.02 година -01.03.2023 година во Брисел, Белгија.
Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Оваа поглавје ги вклучува следните области: банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари, платните системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар.
Претседателката Ивановска ќе учествува и во билатералниот скрининг состанок за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје„ кој ќе се одржи во четврток (01.03.2023 година) како и во билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници” кој ќе се одржи во петок (02.05.2023 година).