Анализа на податоците од анонимниот прашалник  спроведен во рамки на антикорупциската едукација за ученици од седмо до деветто одделение под наслов „Бидете херои на чесноста”

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција, во рамки на проектот „Активност за антикорупција и интегритет“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во периодот од 17 до 25 мај 2023 година се реализира првиот дел од антикорупциска едукација под наслов „Бидете херои на чесноста”. Со проектот до крајот на годината ќе бидат опфатени 13 училишта, од кои во првата фаза се посетени 5 основни училишта на територијата на град Скопје, во која учествуваа ученици од седмо до деветто одделение. За време на антикорупциската едукација се спроведе и кратка анкета во однос на темата со цел да се согледаат искуствата, разбирањата и мислењата на учениците за добивањето на нереални повисоки оценки, причините за нереални оценки како и пријавувањето на неправди.

 

Анализа на податоците од анонимниот прашалник  спроведен во рамки на антикорупциската едукација за ученици од седмо до деветто одделение под наслов „Бидете херои на чесноста”