Учество на Билатерални скрининг состаноци за поглавје 15 „Енергетика“ и поглавје 21 „Трансевропски мрежи“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Иваноска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 15, „Енергетика“ и поглавјето 21 „Трансевропски мрежи“.
Наведените билатерални скрининг состаноци се одржуваат во периодот 13-15.09.2023 година во Брисел, Белгија.
Делегацијата на скрининг состаноците за наведените поглавја ја сочинуваат покрај претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и претставници од Министерството за економија, А.Д. МЕПСО, Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Дирекцијата за радијациона сигурност, и претставници од Секретаријат за европски прашања.