Од 01.01.2024 ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.
Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk/, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.
Државна комисија за спречување на корупцијата