Покана за брифинг со новинари
Почитувани претставници на медиумите,
Државната комисија за спречување на корупцијата, по повод завршување на мандатот на овој состав на ДКСК, ќе одржи брифинг со новинари.
По тој повод, ДКСК ве поканува на брифингот кој ќе се одржи во просториите на ДКСК во среда, 31 јануари 2024 година, со почеток во 10.00 часот.
ДКСК на брифингот ќе информира за постигнатите резултати во петгодишниот мандат на овој состав на ДКСК.
Брифингот ќе се одржи без камери, а изјави за медиумите се предвидени по завршување на настанот.
Со почит,
Државна комисија за спречување на корупција
Адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3