46-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 46–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 12.02.2020 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациска платформа и за седницата го предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Предлог- записник од 39-та седница на ДКСК од 15.10.2020; Усвојување на Предлог- записник од 39-та седница на ДКСК од 19.10.2020; и Усвојување на Предлог- записник од 44-та седница на ДКСК;
- Одлука за избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Предлог- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Стратешки план за периодот 2021-2023 година на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Информација во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот ( за декември 2020 година и јануари 2021 година);
- Упатство за рангирање на предмети за постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата по основ на доставени пријави;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози.