Учество на настан „Здружени против корупцијата : Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот во борба против корупцијата“
Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Сервет Демири учествуваше на настанот – „Здружени против корупцијата: Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот во борба против корупцијата“, организиран од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Во своето обраќање членот на ДКСК Демири ја истакна важноста на синергијата која што треба да постои помеѓу институциите кога станува збор за борбата против корупцијата. Нагласувајќи ја определбата на ДКСК за промоција на меѓуинституционалната и меѓународната соработка заради креирање и развој на антикорупциски мерки и политики, тој накратко информираше за активностите преземени од страна на ДКСК во таа насока.
На крајот на своето обраќање, Демири ја потенцираше проактивноста на ДКСК нотирана во извештаите на Европската комисија при обезбедување насоки и препораки на јавните институции како и неопходноста истите целосно да се почитуваат и применуваат а со цел поефикасна превенција и борба против корупцијата.