Работилница за поддршка на ДКСК и Јавното обвинителство за јакнење на механизмите за координација
Во периодот 30 – 31 Мај 2024 година, во Велес, во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство против корупцијата“ се одржа работилница на Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство за јакнење на механизмите за координација помеѓу двете институции.
На работилницата учествуваа Претседателката Татјана Димитровска, членовите на ДКСК и вработени во Секретаријатот како и Јавнот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и јавни обвинители од повеќе обвинителства од целата држава.
Целта на работилницата беше заедничка дебата и размена на искуства и мислења на двете институции во насока на креирање на практични алатки и упатства за работа и меѓусебна комуникација во рамки на Меморандумот за соработка како и развивање на механизми за унапредување на соработката, поефикасна размената на информации и докази како и промовирање и понатамошно развивање на политики за интегритет.