Учество на Регионалната конференција посветена на судскиот и обвинителскиот интегритет
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Регионалната конференција посветена на судскиот и обвинителскиот интегритет, одржана во Тирана, на 25-ти и 26-ти септември 2025 година. Конференцијата, која ги обедини правосудните институции од шест земји од регионот, беше организирана заеднички од Високиот инспектор за правда на Република Албанија и Присуството на ОБСЕ во Албанија, во соработка со Мисиите на ОБСЕ во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Скопје.
Во текот на два дена, лидерите и претставниците на институциите од регионот дискутираа за три главни теми: принципите и функционирањето на правосудните инспекциски институции, нивната улога во заштитата на демократските принципи и промовирањето на интегритетот, како и нивниот придонес во контекст на процесот на ЕУ интеграција.
На Конференцијата свое излагање имаше членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Софија Спасова Медарска, која се осврна на улогата, придонесот и тековните активности што ги спроведува Комисијата во насока на зајакнување на интегритетот во судството и јавното обвинителство.


