Учество на Регионална конференција во Петровац, Црна Гора
Заменик претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) м-р Цвета Ристовска и членот на ДКСК Бесник Џемаиљи учествуваа на регионалната конференција „Превенција на корупцијата: Регионални анти-корупциски пристапи и предизвици“ која се одржа од 27-29 октомври 2025 година во Петровац, Црна Гора, во организација на Агенцијата за превенција на Црна Гора.
Конференцијата беше можност за размена на искуства, добри практики и клучи предизвици и постигнувања на полето на превенцијата на корупцијата, конфликтот на интереси и промовирање на интегритетот во земјите од регионот.
На конференцијата презентација имаше Заменик претседателката на ДКСК м-р Цвета Ристовска која ги сподели согледувања за тековните процеси, предизвици и напредок во областа на превенцијата на корупцијата и јакнењето на интегритетот како и преземените и планираните активностите на ДКСК на ова поле.


















