25-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик – претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 25–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 12.11.2025 година (среда), со почеток во 14:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 24-та седница на ДКСК, одржана на 03.11.2025 година;
- Постапување по изборни предмети;
- Постапување по предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи.














