РАСПИШАН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ПРОЦЕНКА НА ФИСКАЛНИ ИМПЛИКАЦИИ, ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2026-2030 ГОДИНА
Во рамки на процесот на подготовка на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, утврдена е потреба за проценка на фискалните импликации за реализација на предвидените активности во Акцискиот план на Националната стратегија.
За таа цел, со поддршка на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска и имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), објавен е јавен повик за ангажирање на Експерт за проценка на фискални импликации на сите активности предвидени во Акцискиот план на Нацрт – Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.
На повикот може да се аплицира во периодот од 01-17 декември 2025 година, на следниот линк:














