Средба со г-дин Алберт Хани, директор наСекретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива
Денес, Државната комисија за спречување на корупцијата оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива г-дин Алберт Хани.
На средбата стана збор за можностите за заедничка соработка во насока на примена на добри искуства и практики во имплементацијата на превентивни механизми за спречување на корупцијата и промовирање на интегритетот во земјите во регионот.
Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ го информираше гостинот за тековните активности на ДКСК и предизвиците со кои се соочува во своето работење.
Диркторот Хани се осврна на стратешките цели и правците на делување на РАИ во наредниот период, истакнувајќи ја подготвеноста на РАИ за обезбедување на поддршка на ДКСК преку реализација на заеднички активности и проекти.
Обострано беше истакнато задоволството од досешната соработка и подготвеност за унапредување на истата преку заеднички активности кои ќе придонесат за јакнење на интегритетот и спречување на корупцијата во Република Северна Македонија.
















