Јакнење на интегритетот во јавната администрација – средба на претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ со Министерот за јавна администрација, Горан Минчев
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, оствари работна средба со Министерот за јавна администрација, Горан Минчев на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација.
Фокус на средбата беше ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон зајакнување на интегритетот и професионалното постапување во институциите.
Целта на овие активности е унапредување на превентивните механизми, како и намалување и спречување на корупцијата во јавната администрација преку подигнување на свеста, знаењето и одговорноста на јавните службеници.
На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката меѓу двете институции, која во наредниот период ќе биде дополнително формализирана преку потпишување на меморандум за соработка.
Двете институции остануваат посветени на унапредување на професионалноста, транспарентноста и интегритетот во јавниот сектор, преку координирани активности, обуки и иницијативи кои придонесуваат за поефикасна, отчетна, одговорна и модерна јавна администрација.


















