ДКСК одржа обука за превенција од корупција за претставници на Министерството за одбрана
Државната комисија за спречување на корупцијата, на 16 март 2026 година, одржа обука на тема „Превенција од корупција“ за претставници на Министерството за одбрана, во рамки на континуираната институционална соработка насочена кон јакнење на интегритетот и унапредување на превентивниот пристап во борбата против корупцијата.
Обуката ја реализираа Александра Чавдаревска, раководител на одделение и лице за интегритет, и Јасминка Цветковска, раководител на одделение во Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во текот на обуката беа обработени прашања поврзани со препознавање на ризиците од корупција, значењето на превентивните механизми, улогата на институциите во градењето култура на интегритет, како и практични аспекти од примената на антикорупциските стандарди во институционалното работење.
Државната комисија за спречување на корупцијата останува посветена на соработката со институциите во насока на јакнење на интегритетот, професионалноста и отпорноста на корупциски ризици во јавниот сектор.













