ДКСК и Министерството за јавна администрација потпишаа Меморандум за соработка
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ и Министерот за јавнаадминистрација, Горан Минчев, потпишаа Меморандум засоработка со кој се поставуваат темелите за засилена и координирана акција во насока на јакнење на интегритетотво јавниот сектор. Со ова се потврдува заедничката заложбаза системско унапредување на капацитетите наадминистрацијата и градење култура на отчетност, транспарентност и професионализам.
Соработката е насочена кон унапредување, промовирање и поттикнување на процесот на едукација наадминистративните службеници, со цел подигнување насвеста и продлабочување на знаењата во областа наспречување на корупцијата, судирот на интереси, заштитатана укажувачите, како и етиката и интегритетот. Преку ваковпристап се очекува значително јакнење и на личниот и наинституционалниот интегритет, како и појаснопрепознавање и адресирање на ризиците од корупција војавниот сектор.
Во рамки на договорената соработка, ќе се работи на развој, унапредување и заедничка промоција на едукативнипрограми и активности, како и на креирање иницијативи одзаеднички интерес во согласност со нивните законскинадлежности.
Меморандумот предвидува и спроведување на истражувања, размена на релевантни податоци и постојано координираноутврдување на насоки и препораки за унапредување наедукацијата на администрацијата.
Со ова партнерство се испраќа јасна порака дека борбатапротив корупцијата останува врвен приоритет, кој бараконтинуирана соработка, знаење и институционалнапосветеност.

















