Работна средба со Амбасадорот на Република Турција Н.Е. г-дин Фатих Улусој
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ одржа работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Н.Е. г-дин Фатих Улусој.
Претседателот Чучуљ го информираше амбасадорот Улусој за статусот и законските надлежности на ДКСК, тековните и планираните активности и предизвиците со кои се соочува во своето работење.
На средбата се дискутираше за можна поддршка на ДКСК од страна на амбасадата на Република Турција преку Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, како и за воспоставување на соработка на ДКСК со институции во Република Турција надлежни за превенција и борба против корупцијата.
Амбасадорот Улусуј ја истакна важноста на борбата со корупцијата за севкупниот напредок на Република Северна Македонија потенцијајќи ја значајната улогата на ДКСК на тоа поле.
Соговорниците изразија задоволство од средбата и подготвеност за соработка во иднина.


















