38-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 38–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 31.08.2026 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на Предлог записник од:
- 35-та седница одржана 16.07.2026 година
- 36-та седница одржана 20.07.2026 година
- 37-та седница одржана 29.07.2026 година
2. Извештај по антикорупциска проверка на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии;
3. Утврдување на Пречистен текст на Деловникот за работа на ДКСК;
4. Усвојување на Деловникот за работа на прекршочната комисија на ДКСК;
5. Одлука за Прекршочна комисија во Државната комисија;
6. Работа по предмети;
7. Прашања и предлози;
8. Постапување по предмети што содржат класифицирани податоци














