Средба со Главниот државен ревизор и државни ревизори од Државниот завод за ревизија
На ден 13.08.2021 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба со Главниот државен ревизор и државни ревизори од Државниот завод за ревизија.
На состанокот беа договорени заедничките активности и начинот на нивна реализација поврзани со исполнување на надлежностите на ДКСК и ДЗР за време на изборниот процес, а кои произлегуваат од Изборниот законик.
Со цел ефикасно следење на финансирањето на изборната кампања на Локалните избори 2021 година,. формиран е заеднички тим за координација и реализација на активностите на двете институции заради навремено прибавување на потребните податоци од базите на податоци од други институции како и до податоците од трансакциските сметки на учесниците на Локалните избори 2021 година.