56-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата (Пречистен текст), Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 56–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 10.12.2021 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Правилник за формата и содржината на образецот за пријавата и изјавите за запишување во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање
- Правилник за формата и содржината на образецот за записникот од остварен контакт со цел лобирање
- Правилник за формата и содржината на образецот за извештајот за активности за лобирање
- Правилник за формата и начинот на водење на Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање
- Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог