ОДРЖАНА ВТОРА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА СЕКТОРОТ ТРАНСПОРТ И ИНФРАСТРУКТУРНИОБЈЕКТИ (ПРОЕКТИ), ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2026-2030 ГОДИНА
Во рамки на подготовките за новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Државната комисија за спречување на корупцијата на 24.12.2025 година, ја одржа втората целодневна тематска работилница, на која, врз основа на претходно утврдените визија, стратешки цели и клучни проблеми, беа финализирани дел од мерките и активностите за надминување на приоритетните проблеми, како и надлежни институции за нивна реализација, во секторот ТРАНСПОРТ И ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ (ПРОЕКТИ).
На работилницата беа поканети претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор и медиуми, кои дадоа значаен придонес во потврдување на претходно детектираните проблеми и ризици, утврдување на нови ризици, како и утврдување на мерки, активности и надлежни институции за нивна имплементација.
Согласно Методологијата за изготвување на Националната стратегија 2026-2030, Државната комисија во следниот петгодишен период ќе се фокусира на две хоризонтални области, Јавни набавки и Надзор над спроведување на законите, како и на пет вертикални сектори и тоа: Правосудство, Здравство, Урбанизам и просторно планирање (Просторно планирање, урбанистичко планирање и градежништво), Животна средина, енергетика и природни ресурси и Транспорт и инфраструктурни објекти (проекти).
Оваа работилница беше последна во серијата од вкупно 24 работилници, по три за секоја област/ сектор, на кои ќе беа финализирани приоритетните проблеми кои генерираат висок степен на корупција, како и мерки, активности и надлежни институции за нивна реализација.
По прочистување на текстот и утврдување на конечната нацрт НС2026-2030, согласно утврдениот план на активности за подготовка на НС2026-2030, најпрво истата ќе биде споделена со институциите кои во акцискиот план ќе бидат определени како надлежни за спроведување на активностите, со цел да бидат надминати евентуални недоследности, разлики, разграничување на надлежности, онаму каде тоа е издржано и оправдано. Дополнително, НС2026-2030 ќе биде ставена на увид и коментари на јавноста и секое заинтересирано лице ќе може да даде свои предлози и забелешки за подобрување на истата, по што следува фаза на донесување на НС2026-2030 од страна на ДКСК и нејзино доставување до Собранието на РСМ заради усвојување.



















