Катерина Зајковска даде свечена изјава и официјално ја презеде функцијата член на ДКСК
Г-ѓа Катерина Зајковска денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со што и формално ја презеде функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Зајковска беше избрана за член на ДКСК од страна на Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 11 јуни 2026 година, согласно законски утврдената постапка за избор на членови на Комисијата.


Новата членка на ДКСК е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Нејзиното професионално искуство и стручна подготовка претставуваат значаен придонес во натамошното јакнење на капацитетите на Комисијата, особено во областите поврзани со финансиска анализа, ревизорски пристап, отчетност и превенција на корупцијата.


Државната комисија за спречување на корупцијата продолжува со својата работа во насока на доследно остварување на законските надлежности, јакнење на интегритетот во јавниот сектор, спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и унапредување на транспарентноста и довербата на јавноста во институциите.
Со пополнувањето на составот, Комисијата продолжува со континуирано и одговорно постапување по предметите и активностите од своја надлежност.














