Учество на Меѓународната конференција на тема „Пари во политиката 2026
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ заедно со членот на ДКСК Бесник Џемаиљи учествуваа на регионалната конференција „Пари во политиката 2026“, која се одржа на 16-17 Јуни 2026 година во Кишињев, Молдавија.
Претседателот Чучуљ имаше обраќање како главен говорник на пленарната сесија посветена на „Зајакнување на надзорот над финансирањето на изборните кампањи“. При тоа, Чучуљ се осврна на надлежностите на ДКСК за време на изборниот период и постапувањето на ДКСК за време на локалните избори одржани во Македонија во 2025 година.
Претседателот Чучуљ во своето обраќање нагласи дека за да се превенира незаконското финансирање на изборните кампањи неопходно е зајакнување на превентивните антикорупциски механизми и регулатива како и зајакнување на капацитетите и надлежностите на антикорупциските тела и нивна поинтензивна соработка со истражните органи и јавните обвинителства за време на изборните процеси.
Целта на конференцијата беше преку меѓународна и регионална размена на мислења и добри практики од учесниците и експертите да се промовираат превентивни мерки, попаметни и поадаптивни механизми за надзор и покоординирани одговори на новите закани – вклучувајќи нелегални финансиски текови и координирано дигитално мешање со кои се соочуваат демократиите во Источна Европа, Западен Балкан и поширокото европско семејство.

















