СООПШТЕНИЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека поради прекин на системите е-ПДД, е-даночни услуги и МojДДВ на Управата за јавни приходи, на 29 и 30 август 2024 година нема да биде во функција електронскиот систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси поради поврзаноста на истиот со е-ПДД системот.
Имено, Управата за јавни приходи ја извести јавноста дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги, поради што почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција.
По завршувањето на активностите од страна на УЈП, Државната комисија за спречување на корупцијата навремено ќе информира за ставањето во функција на електронскиот систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси .
Благодариме за разбирањето,
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА