Билатерален скрининг со Европската Унија за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на состаноците во рамките на билатералниот скрининг со Евопската Унија за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“, на 23-24.01.2023 година во Брисел, Белгија.
Во рамките на состаноците ќе бидат презентирани теми поврзани со борбата против корупцијата во вршењето на услугите и информативниот систем на внатрешниот пазар а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истите ќе ги одредат државни политики на Република Северна Македонија како и следните реформски чекори во пристапниот процес.