ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДКСК ЗА 2025 ГОДИНА
Државната комисија за спречување на корупцијата на својата 30-та седница го усвои Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година, во кој детално се отсликани преземените активности кои произлегуваат од законските надлежности на ДКСК, како што се националната стратегија за спречување на корупцијата и на судирот на интереси, постапувањето во случаи на сомнежи за корупција, судир на интереси, следење на законитоста на финансирањето политички партии и изборни кампањи, евидентирање и следење на имотната состојба и на интересите, водењето прекршочни постапки, антикорупциска проверка на закони и на подзаконски акти, јакнење на личниот и на институционалниот интегритет, заштита на укажувачи, лобирање, како и осврт на условите за работа и целокупните капацитети на ДКСК за остварување на овие надлежности.














