ДКСК електронски ќе добива податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност
Државната комисија за спречување на корупцијата, за потребите на своето надлежно постапување, од Централниот депозитар за хартии од вредност ќе добива податоци во електронска форма.
Оваа соработка е овозможена со договорот за размена на податоци и соработка склучен на 26.07.2023 година, помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од претседателката Билјана Ивановска и Централниот депозитар за хартии од вредност, претставуван од извршниот директор Даринка Дамјановиќ.
Електронското преземање на податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност ќе биде дел од новото софтверско решение на Државната комсијата за спречување на корупцијата чија изработка е во завршна фаза а кое опфаќа повеќе модули и тоа: електронско пријавување на имотната состојба и интресите, регистар на избрани и именувани лица и електронска размена на податоци со повеќе државни органи и институции.
Со потпишувањето на договорот ќе се овозможи Државната комисија да прибавува потребни податоци со кои располага Централниот депозитар за хартии од вредност во електронска форма без да доставува писмени барања, што ќе придонесе во зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на нејзините законски надлежности, особено во делот на евидентирањето и следењето на имотната состојба и интересите.