ДКСК и Здружението на правниците потпишаа Меморандум за соработка
Државната комисија за спречување на корупцијата и Здружението на правниците на Република Северна Македонија денес во просториите на ДКСК потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот го потпишаа претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ и претседателот на Здружението на правниците на Република Северна Македонија, проф. д-р Горан Коевски.
Со потпишувањето на Меморандумот се воспоставува рамка за соработка во областите од заеднички интерес, особено преку размена на знаења, искуства и добри практики, организирање едукативни и стручни активности, како и поддршка на истражувачки и аналитички иницијативи.
Соработката ќе придонесе кон унапредување на стручната и научно-истражувачката дејност, јакнење на капацитетите во областа на интегритетот, спречувањето на корупцијата и судирот на интереси, како и кон промовирање на етичкото постапување, транспарентноста и одговорноста.
ДКСК ја препознава важноста на соработката со стручната јавност и професионалните здруженија како значаен придонес во развојот на превентивните антикорупциски политики и јакнењето на културата на интегритет во Република Северна Македонија.

















