ДКСК и Кабинетот на Заменик претседателката на Владата Славица Грковска на заедничка работилница: Отворени сме за соработка, имаме заедничка цел – градење на одговорни и отчетни институции
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), предводена од претседателката Билјана Ивановска и Кабинетот на Заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковка, денеска и утре учествуваат на заедничка работилница чија цел е споделување на искуства и подобрување на соработкатата меѓу двете институции.
На работилницата, која се одржува под покровителство на Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Компонентата 3 од Проектот – Поддршка на ЕУ за владење на правото, свои презентации за работата имаа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска и заменик претседателката на Владата Славица Грковска. И Ивановска и Грковска образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.
Предавачи на работилницата се Сузане Хедин, консултант експерт за комуникации, Лена Андерсон, лидер на компонента за на ЕУ – Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата и двете од Проектот – Поддршка на ЕУ за владење на правото и Крис Хеншо, консултант на ЦЕП/УСАИД.
Учесниците, во текот на работилницата, имаат можност да слушнат искуства и да споделат мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.
Целта на работилницата е да се зајакне соработката меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Кабинетот задолжен за политики за добро владеење, во функција на имплементирање на препораките кои ДКСК ги доставува до институциите преку спроведување политики на добро управување, превенирање на корупцијата , како и креирање долгорочни одржливи системски решенија.