Државната комисија за спречување на корупцијата одржа средба со делегација од Француското министерство за правда и од Експертиза Франција- Државна агенција за меѓународна и техничка помош
Државната комисија за спречување на корупцијата, на 12.05.2022 година, оствари средба со делегација на Министерството за правда на Република Франција и Експертиза Франција – Државна агенција за меѓународна и техничка помош.
Делегацијата од Република Франција која е во официјална работна посета на Република Северна Македонија, на работнатa средба ја сочинуваа: од Министерството за правда, Себастиен Сидер – шеф на одделот за меѓународна соработка,Фани Мондон од Одделот за меѓународна соработка и Фредерик Дибост – судија за врски која е надлежна и за Репблика Северна Македонија, и од Експертиза Франција, Фредерик Сансиер – помошник директор за соработка, Орелиа Шаф – советничка за правосудство во одделот за соработка, Цвијета Јекиќ – помошник директорка на одделот „Правда, владеење, човекови права“.
Експертиза Франција е владина агенција надлжна за соработка со земји партнери преку обезбедување на експертска помош во спроведување на потребните реформи во земјите партнери.
Од страна на Француската делегација на средбата е истакнато дека за Експертиза Франција и за Француската агенција за развој, земјите од Западниот Балкан се приоритетна група за соработка и на билатерален план но и во рамки на проекти кои ги води ЕУ на теми: судство, добро владеење и владеење на правото.
Целта е воспоставување на подолготрајно партнерство со Република Северна Македонија преку проекти и обезбедување на експертска и техничка помош за спроведување на потребните реформи.
Од страна на француската делегација е покажан интерес за тоа кои се приоритетите и потребите на ДКСК, со кои партнери соработува, како и во кои области може да се воспостави соработка и да се обезбеди потребната помош.
Од страна на претседателот и членовите на ДКСК искажано e задоволството од понудената можност за соработка. При тоа, гостите беа информирани за проектите кои ДКСК тековно ги релизира со поддршка на меѓународните партери.
На средбата е разговарано за можностите за воспоставување на поконкретна соработка и партнерство во области кои се приоритетни за ДКСК.
На средбата се отвори дискусија и за соработката на ДКСК со Jавното обвинителство, како и за можностите за подобрување на истата.
На крајот на средбата, беше заклучено дополнително да се оствари комуникација со цел утврдување на потребите на ДКСК за помош и дефинирање на областите за воспоставување на конкретна соработка.