Едукација на млади – континуирана превентивна активност на Државната комисија за спречување на корупција
На 21 Maj 2025 година, средношколци од Куманово и Штип ја посетија Државната комисија за спречување на корупција. Оваа посета беше во организација на Центарот за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово, а во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“ финансиран од Граѓанскиот ресурсен центар.

Интерактивната средба се реализираше во вид на едукативна работилница, каде младите учесници имаа можност да се запознаат со улогата, надлежностите и мисијата на Државната комисија за спречување на корупција.

Гостите беа примени од страна на Генералниот секретар на ДКСК, Адем Чучуљ и раководителот на одделение, Александра Чавдаревска.


Средбата беше дел од континуираните активности на Државната комисија во делот на едукација и охрабрување на младите да станат активни чинители во создавање на општество отпорно на корупција.