Извештај за проценка на работењето на ДКСК од родова перспектива
Државната комисија за спречување корупцијата, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, спроведе проценка на своето работење од родова перспектива, која се фокусира на родовата перспектива во работењето и функционирањето на Државната комисија во делот на организациските структури, политиките на работното место техничкиот капацитет, како и родовата перспектива во програмите и активностите на комисијата.
Процесот на родова проценка беше спроведен во периодот од август до ноември 2024 година, согласно Методологијата за родови партиципативни ревизии на Меѓународната организација на трудот и беше резултат на заедничка соработка меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, тимот од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и водечката национална експертка и овластена родова ревизорка, Неда Чаловска Димовска.
За спроведената проценка изработен е извештај со наслов „Родова проценка на Државната комисија за спречување корупција“ кој денес беше презентиран пред членовите и вработените во Секретаријатот на Државната комисија.
Заменик претседателот на ДКСК м-р Сервет Демири, ја истакна важноста на анализирањето на работата на ДКСК од родова перспектива што е новина која го анализира работењето и процесите на институциија од поинаква перспектива. Притоа тој нагласи дека наодите од Извештајот ќе бидат корисни при креирањето на стратешките документи, организациската структура, работните процеси и политики на ДКСК.


