ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022 – за унапредување на 5 (пет) административни службеници во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ” бр. 27/2014, 199/2014; 48/2015; 154/2015; 5/2016; 142/2016 и 11/2018) и („Службен весник на РСМ” бр. 275/2019, 14/2020 и 215/2021), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр.11/2015, 35/2018 и 303/2020) како и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 02-2532/1 од 24.07.2020 година и Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, Државната комисија за спречување на корупцијата објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022
за унапредување на 5 (пет) административни службеници во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
- УПР0101Б04000 Раководител на одделение за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и корупција во јавните набавки, Одделение за следење на финансирањето на политичките партии, изборните кампањи и корупција во јавните набавки, Сектор за спречување на корупција –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Економски науки
– Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување
Работно време: понеделник до петок, од 08:00 до 16:00, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 29.749,00 денари
- УПР0101В01000 Советник за следење и испитување на имотната состојба, Одделение за следење на имотна состојба и интереси, Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент) или Јавна управа и администрација
– Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Работно време: понеделник до петок, од 08:00 до 16:00, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 26.313,00 денари
- УПР0101В01000 Советник за спречување судир на интереси, Одделение за спречување судир на интереси и лобирање, Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Политички науки или Јавна управа и администрација
– Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Работно време: понеделник до петок, од 08:00 до 16:00, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 26.313,00 денари
- УПР0101В01000 Советник за спречување на корупцијата во областа транспорт, урбанизам и просторно планирање и животна средина, Одделение за спречување на корупцијата, Сектор за спречување на корупција –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
– Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Работно време: понеделник до петок, од 08:00 до 16:00, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 26.313,00 денари
- УПР0101В02000 Виш соработник за следење на финансирањето на политичките партии, изборните кампањи и корупција во јавните набавки, Одделение за следење на финансирањето на политичките партии, изборните кампањи и корупција во јавните набавки, Сектор за спречување на корупција –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Економски науки
– Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Работно време: понеделник до петок, од 08:00 до 16:00, 40 часа неделно
Нето месечна плата: 24.461,00 денари
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на истото ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената адреса на Одделението за управување со човечки ресурси: hr@dksk.org.mk
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 7 (седум) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.
Пријава за унапредување
Одлуки за избор:
Одлука број: 04-1071/27
Одлука број: 04-1071/28
Одлука број: 04-1071/29
Одлука број: 04-1071/30
Одлука број: 04-1071/31