ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024 за унапредување на 5 (пет) административни службеници во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014; 48/2015; 154/2015; 5/2016; 142/2016 и 11/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Службен весник на Република Македонија “ бр.11/2015, 35/2018 и 303/2020) како и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 02-2532/1 од 24.07.2020 година, Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.02-2532/1 од 24.07.2020 година и на Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, бр.04-576/1 од 05.02.2024 година и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-2267/1 од 22.08.2024 година, Државната комисија за спречување на корупцијата објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024
за унапредување на 5 (пет) административни службеници во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
- УПР0101Б02000 Раководител на сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање, Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки-Економија и бизнис, Право и Политички науки,
– Работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 47.092,00 денари
- УПР0101Б04000 Раководител на одделение за следење на имотна состојба и интереси, Одделение за следење на имотна состојба и интереси, Сектор за спречување судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки
– Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 38.248,00 денари
- УПР0101Б04000 Раководител на одделение за ИТ поддршка и општи работи, Одделение за ИТ поддршка и општи работи, Сектор за ИТ поддршка, општи работи, седници и односи со јавноста –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Компјутерска техника и информатика
– Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции на напредно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 38.248,00 денари
- УПР0101В01000 Советник за комуникација и односи со јавноста, Одделение за седници и односи со јавноста, Сектор за ИТ поддршка, општи работи, седници и односи со јавноста –1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Политички науки или Јавна управа и администрација
– Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 34.383,00 денари
5. УПР0101В02000 Виш соработник за стратешко планирање и следење на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Одделение за стратешко планирање, соработка, проекти, аналитика и едукација, Сектор за стратешко планирање и интегритет – 1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или Политички науки
– Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Опис за работното време:
-Работни денови: понеделник-петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 30.868,00 денари
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги исполнува општите и посебните услови и работните компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на исто ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса: hr@dksk.org.mk, со назанака за интерен оглас број 01/2024 и реден број на работното место за кое аплицираат.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните документи:
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата и на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.
Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.