Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на 5 мај 2026 година ја одржа завршната тркалезна маса на тема „Лобирање во Северна Македонија“, наменета за претставници на граѓанските организации и медиумите.
Овој настан претставува финална активност од серијата тематски тркалезни маси, чија цел беше да се поттикне поширока јавна и институционална дебата за значењето на транспарентните, етички и отчетни практики на лобирање, во согласност со Законот за лобирање.
Во текот на дискусијата, претставниците на граѓанските организации и медиумите дадоа значајни препораки и укажувања, произлезени од нивната улога согласно законската рамка за лобирање. Нивниот придонес отвори суштинска дебата за предизвиците во примената на законската рамка, потребата од поголема транспарентност, како и за улогата на јавноста во следењето на процесите на лобирање. Дискусијата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што беа разменети различни ставови и перспективи, што придонесе кон подлабоко разбирање на лобирањето како легитимен, но истовремено чувствителен процес кој бара јасни правила и високо ниво на интегритет.
Како и на претходните настани, учесниците имаа можност да ги проследат излагањата на меѓународните експерти и да се запознаат со европските искуства и добри практики во оваа област.
Сите препораки, предлози и заклучоци од оваа, како и од претходните тркалезни маси со бизнис заедницата, институциите од централната власт и единиците на локалната самоуправа, ќе бидат разгледани од страна на работната група која се формира заради измени на актуелната законска рамка на Законот за лобирање, во рамки на Министерството за правда, со цел нивно систематизирање и вградување во понатамошните активности за унапредување на политиките и практиките во областа на лобирањето.
Со одржувањето на оваа завршна тркалезна маса, Државната комисија за спречување на корупцијата ја заокружи серијата активности насочени кон подигање на јавната свест и унапредување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во лобирањето, како важен сегмент на превенцијата од корупција и зајакнувањето на демократското управување.
Share
ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИЗЈАВА ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА И ИНТЕРЕСИ
ПРИЈАВА ЗА СОМНЕВАЊА ЗА НЕЗАКОНИТОСТИ И ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОН ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС, ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИК ИЛИ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ ОДНОСНО, ДО КОНСТИТУИРАЊЕТО НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАДОТ СКОПЈЕ, ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, 2025 ГОДИНА