Одржан работен состанок на Државната комисија за спречување на корупцијата со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини
На 14.09.2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се одржа работен состанок на претседателката и членовите на ДКСК со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
На состанокот е разговарано за тековните активности на ДКСК и Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење.
Споделени се мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.
Заеднички е констатирано дека меѓусебната соработка и комуникација се клучни во процесот на градење на одговорни и отчетни институции.
Со министерот Нуредини се разменети мислења за актулени прашања поврзани со заштитата на животната средина како и со проблемите кои произлегуваат од непланското и незаконското градење во заштитените подрачја и националните паркови. При тоа, се разменети мислења за можно заедничко делување во иднина во насока на изнаоѓање на долгорочни решенија за средување на состојбите во оваа свера.