ОДРЖАНА СРЕДБА НА ДКСК СО ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
На 20 октомври 2021 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше работна средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и експертски тим, во состав од владини службеници и граѓански експерти од Велика Британија, предводен од г-дин Симон Адамс, Втор политички секретар во Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија.
На средбата, реализиран по барање на експертите, стана збор за заложбите за подобрување на ефикасноста на системот во борбата против корупцијата, како и за повеќе други теми врзани за правосудниот систем од областа на кривичното право, процесот на транспарентност, мерките за антикорупција, едукацијата на граѓаните во областа на антикорупцијата и родовите норми, со цел обезбедување на информации за поддршката од Велика Британија во земјава и регионот.