Потпишан меморандум за соработка со Архитектонски факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (29.03.2022 година)
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и деканот на Архитектонски факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Огнен Марина, потпишаа Меморандум за соработка којшто означува взаемна соработка и размена на искуства и експертиза помеѓу Страните во согласност со нивните надлежности, а особено во:
- Одржување на постојан дијалог во однос на размена на знаења, практични искуства и позитивна пракса поради зајакнето функционирање на Државната комисија и Факултетот, како и нивните стручни служби;
- Организирање на работни средби, заради размена на експертиза од надлежните области на двете Страни и know-how помеѓу Државната комисија и Факултетот, и
- Спроведување на други активности, со кои на партнерска основа, може да се остваруваат целите на овој Меморандум.