ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АГЕНЦИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА НА КОСОВО
Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) беше потпишан Маморандум за соработка помеѓу ДКСК и Агенцијата за спречување на корупцијата на Косово (АСК).
Меморандумот го потпишаа претседателот на ДКСК г.Адем Чучуљ и директорот на Косовската агенција за спречување на корупцијата г.Јил Булешкај.
Меморандумот има за цел да ја официјализира и унапреди соработката помеѓу ДКСК и АСК со цел размена на искуства во областите поврзани со истражување и спречување на корупција, потекло и контрола на имот и подароци, спречување на конфликт на интереси при вршење на јавна функција како и заштита на укажувачите.
На средбата која му претходеше на потпишувањето на меморандумот претставниците на двете институции изразија задоволство од досегашната меѓусебна соработка нагласувајќи дека со склучување на меморандумот таа соработка ќе се зајакне и унапреди преку размена на искуства и добри практики во насока на спречување на корупцијата, јакнење на интегритетот и промовирање на доброто управување во двете земји.



















