Соопштение – Вишиот Управен суд ја потврди Одлуката на ДКСК во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители
Вишиот Управен суд донесе Пресудата со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што ја потврди Пресудата на Управниот суд, и постапката за прием на 130 нови слушатели во почетна обука ја стави во мирување, се до завршување на изборите.
Жалбата е одбиена како неоснована.
Државната комисија за спречување на корупцијата за овој предмет и за сите наредни предмети, постапи и ќе постапува врз основа на пропишаните закони и прописи, во насока на зајакнување на владеење на правото, како врвен приоритет кон кој цели државата.
Оваа Одлука на Вишиот Управен суд не охрабрува и ни дава поттик уште попосветено да ја вршиме работата за која ја добивме довербата.
Пресудата е достапна на следниот ЛИНК