СООПШТЕНИЕ за одржана средба со претставници на ИФЕС
На 11 ноември 2021 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) беше остварена средба со Магнус Охман, директор на Канцеларијата за Регионална Европа на ИФЕС и Јоана Козма, директор на канцеларијата на ИФЕС во Република Северна Македонија.
Средбата се одржа на барање на преставниците на ИФЕС, со цел запознавање со активностите кои се преземени од страна на ДКСК во спроведување на законските надлежности во текот на изборниот процес за локалните избори одржани во Република Северна Македонија во октомври 2021 година.
Од страна на Директорот на Канцеларијата за Регионална Европа на ИФЕС г-дин Магнус Охман, е покажан интерес за надлежното постапување на ДКСК од аспект на спроведувањето на нејзините законски надлежности поврзани со изборниот процес, односно кои се впечатоците на ДКСК од спроведениот изборен процес на локалните избори одржани во Република Северна Македонија во октомври 2021 година, како се применува Изборниот законик од страна на учесниците во изборната кампања и кои се пречките и предизвиците што се констатирани во текот на изборниот процес.
Од страна на ДКСК беа презентирани нејзините законски надлежности во однос на спречување на корупцијата во политиката кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, како и постапувањето на ДКСК по однос на конкретни предмети поврзани со изборниот процес. Исто така, преставниците на ИФЕС беа инормирани за донесениот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, каде има јасна одредба како треба носителите на јавните функции да се однесуваат во текот на изборната кампања, за софтреврското решение за прием на пријави во текот на изборниот процес како и за воспоставениот регистар на службените возила на државните институции.
Во однос на ангажираните аналитичари со поддршка на ИФЕС за анализа на трансакциските сметки и финансиските извештаи на организаторите на изборните кампањи беше истакнато дека ДКСК очекува голем придонес од нивна страна, при што во Посебниот извештај кој што ДКСК согласно законот ќе го достави до Собранието на Република Северна Македонија ќе се внесат нивните наодите.
Претставниците на ИФЕС исто така беа информирани дека ДКСК во текот на изборниот процес одржа повеќе прес конференции на кои укажа од потребата за доследно почитување на одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик.
На крајот на средбата беше истакнато обострано задоволство од остварената соработка и подготвеност истата да продолжи и во иднина.