СООПШТЕНИЕ за одржана средба со Џеф Голдстајн, заменик – шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје
На 09.11.2021 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), беше остварена средба со Џеф Голдстајн, заменик – шеф на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Скопје.
Средбата се одржа на барање на заменикот шеф на Мисијата со цел запознавање со активностите кои се преземени од страна на ДКСК во спроведувањето на законските надлежности за спречување на корупцијата во политиката, односно следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи за локалните избори одржани во Република Северна Македонија во октомври 2021 година.
Од страна на шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје г-дин Џеф Голдстајн е покажан интереси за надлежното постапување на ДКСК поврзано со изборниот процес за локалните избори, констатираните прекршувања на законите како и за генералната оценка на ДКСК за целиот изборен процес. Воедно од негова страна е потенцијата улогата на полицијата односно иинформациите за одредени злоупотреби на полицијата во изборниот процес.
Од страна на ДКСК беа презентирани нејзините законски надлежности во однос на спречување на корупцијата во политиката кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, како и постапувањето на ДКСК по однос на конкретни предмети поврзани со изборниот процес.
Беше нагласено дека е забележано реализирање на одредени активности од страна на државните органи пред и за време на изборната кампања, како што се објави на огласи за вработувања кои потоа се ставаат во мирување и започнување на јавни набавки за големи проекти, кои што создаваат услови за политички влијанија врз електоратот. Ваквите појави произегуваат од недореченостите во самите закони, за што ДКСК ќе информира во Извештајот кој треба да го достави до Собранието на Република Северна Македонија во рок од 90 дена од завршувањето на изборите.
Во однос на информациите за несоодветно постапување на полицијата во текот на изборниот процес, ДКСК информираше дека нема надлежност да постапува за таквите активности, а во однос на пријавите добиени во текот на изборниот процес со наводи за злоупотреба на службени возила, истите се доставени на надлежно постапување на секторот за внатрешната контрола при Министерството за внатрешни работи.
Заменик шефор на мисијата на ОБСЕ во Скопје беше запознаен со проблемите со кои ДКСК се соочува за реализирање на своите законски надлежности пред се поради ограничените материјални и кадровски капацитети.
Беше потенцирана соработката со ИФЕС, со чија поддршка беа ангажирани 17 надворешни соработници – набљудувачи преку кои ДКСК вршеше теренско набљудување на активностите на учесниците во локалните избори, како и 4 аналитичари – за анализа на финансиските трансакции и податоците кои презентирани во финансиските извештаи.
На средбата стана збор и за соработката на ДКСК со другите надлежни органи, пред се со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и со Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.
Од страна на г-дин Џеф Голдстајн беше потенцирана позитивната оценка за Државната комисија за спречување на корупцијата во најновиот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија. Воедно, од негова страна беше искажана целосна поддршка на работата на ДКСК како и задоволство од досегашната соработка на ДКСК со мисијата на ОБСЕ.