УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ПРОГРАМА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД КОРУПЦИЈА
На 24.11.2023 година во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа работна средба во рамките на проектот „Активност за антикорупција и интегритет“ којшто го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), со поддршка од страна на УСАИД, а заради заокружување на Програмата за сертификација за проценка на ризик од корупција. На средбата присуствуваа и претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје и претставниците на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА). Оваа Програма овозможи на овластени државни ревизори и вработени во Државната комисија за спречување на корупцијата да се стекнат со Меѓународен сертификат за управување со ризици од корупција. Истовремено, се разговараше и за можна идна соработка во насока на понатамошно унапредување на капацитетите на вработените на двете институции.