Учество на Билатерален скрининг состанок за поглавје Поглавје 22, „Регионална политика и координација на структурните инструменти“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Иваноска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 22, „Регионална политика и координација на структурните инструменти“, кое е дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, кое вклучува регулативи поврзани со планирањето и спроведувањето на кохезионата политика на Европската Унија и употребата на европските структурни и инвестициски фондови.
Покрај претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, македонската делегација ја сочинуваат претставници на Секретаријатот за европски прашања, Министерствата за финансии, за економија, за локална самоуправа, за информатичко општество и администрација, за животна средина и просторно планирање, за труд и социјална политика, Државниот завод за ревизија, Ревизорско тело за ревизија на инструмент за претпристапна помош, Бирото за јавни набавки, Министерство за транспорт и врски, Државен завод за статистика, Центар за управување со кризи, Генерален секретаријат и Комисија за заштита на конкуренцијата.